Натпреварот помеѓу Интер и Лудогорец ќе се одигра пред празни трибини поради коронавирусот, а од тимот на „нероаѕурите“ најавија дека сите средства за билетите кои фановите ги платија за овој меч ќе бидат вратени.

Од Интер на официјалната  веб-страница објавија дека 90 проценти од влезниците ќе бидат автоматски поништени и надоместени.

Интер и Лудогорец ќе се борат за место во 1/16 финалето од Лигата на Европа, а првиот меч им припадна на италјаните со 0-2.