Интер ќе стори се да го донесе Лионел Меси откако на Аргентинецот ќе му истече договорот со Барселона следното лето.

Иако од Барселона тврдат дека нивниот капитен ќе го продолжи договорот,  италијанскиот весник „Ла Газета дело Спорт“ пишува дека Интер ќе се обиде да го наговори Меси преку четиригодишен договор вреден 260 милиони евра.

Планот на Италијанците е Меси да заработува 65 милиони евра по сезона со што ќе стане убедливо најплатен светски фудбалер, двојно поскап од Кристијано Роналдо, кој во Јувентус заработува 30 милиони евра по сезона.

Притоа, Интер на Меси веднаш по трансферот би му уплатил дополнителни 50 милиони евра.

Италијанскиот весник наведува дека Интер овие пари би ги вратил преку маркетинг, по примерот на Јувентус околу трансферот на Роналдо во 2018 година.