Капитенот на Македонија, Горан Пандев, член на Џенова се пофали на личниот Инстаграм профил со подарокот кој го добил од неговит поранешен клуб Интер.

На маицата ја пишува годината (безвременска – 2010) кога Интер стигна до тројната круна предводен од Мурињо.

Оваа година, Интер се подготвува за прослава на десетгодишнина од успехот кој го издигна на врвот во Италија, како единствениот со тројна круна.