Медиумите од Апенините тврдат дека Карло Анчелоти почнал сериозно да размислува дали и како да ја „изгура “ до крај оваа сезона на кормилото на Наполи а следното лето да го напушти клубот.

Проблемите со Инсиње, со резултатите и со превисоките очекувања од навивачите почнале сериозно да му пречат на искусниот стратег кој и во минатото знаел по две сезони минати во еден клуб да ја промени средината.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас не ја криеше желбата да соработува со Анчелоти кој ја одигра клучната улога за одлуката на младиот креативец да ги одбие понудите од другите заинтересирани и да потпише за Наполи.

Викендов, Наполи ќе му гостува на Торино а Елмас е најавен во почетниот состав.