Синиша Михајловиќ вчера на прес конференција објави дека боледува од леукемија, прв која ја најави страшната вест беше спортскиот весник „Corriere dello Sport“ со наслов „НАПРЕД СИНИША“.

Таа информација ја превзедоа сите во Европа и го цитираа изворот „Corriere dello Sport“ . Михајловиќ беше лут на својот долгогодишен пријател Иван Зацарони кој е потписник на текстот и долгогодишен пријател на Србинот.

„Сакав да бидам прв кој ќе ви соопшти што ми се случува. Но некој не сакаше да ја почитува мојата приватност. Благодарение на тоа продаде 200 парчиња новини повеќе од вообичаено, но со тоа го уништи и пријателството кое траеше 20 години“ – изјави Михајловиќ.

Ден подоцна повиканиот Иван Зацарони одговори на Михајловиќ на истото место на „Corriere dello Sport“.

Исто така следеше дополнително објаснување на неговиот Инстаграм профил на кој е приложен скриншот од пораките кои се пратени и на кои се гледа дека Михајловиќ не му одговарал на прашањата.

” Никако ја немам изневерено добербата на Синиша, со кого се немам слушнато скоро еден месец.Во петокот пробав неколку пати да се слушнам со него но не успеав,а еве ги и пораките кои му ги испратив ги приложувам како доказ.Текстот го објавив затоа што бев сигурен во информацијата. Напишав само 20 реда во знак на подршка на Синиша без да спомнам за каква болест станува збор. Портпаролот на Болоња ми се јави и бараше од мене да не ја објавувам веста,но му реков дека ќе ја објавам со должна дискреција и почитување на приватност .Не го направив тоа за да продадам неколку стотици примероци плус од весникот, туку како одговор на големиот број прашања на навивачите кои беа запознаени со болеста на Михајловиќ. Го објавив текстот како новинар кој сака на цел глас да даде подршка на својот пријател. После се,никогаш не би го повторил истото.За сега најважно е Синиша што побргу да оздрави” заврши со своето објаснување Иван Зацарони.

 

.