Навивачите на Црвена Звезда изминатите три дена одлучуваа за распоредот на ѕвездите на новиот грб на клубот, а по повод освојувањето на 30. титула од домашното првенство.

Победничкиот грб е со три ѕвездички, наредени во полукруг. Оваа опција доби најголем број гласови – 678.

Ова сепак значи дека нема да дојде до нова промена на грбот на Црвена звезда бидејќи овој грб веќе е користен на опремата за новата сезона, но клубот сепак им излегол во пресрет на навивачите бидејќи јавноста била поделена, па им овозможиле да изберат самите.