Израелскиот судија Саги Берман кој има само 27 години , и од минатата сезона ја дели правдата во Израелската Супер лига , се реши на неочекуван потег , и голем дел од спортските работници останаа вчудоневидени по одлуката да го промени полот , односно да стане жена.

Младиот  судија за неколку месеци ќе оди и на операција и да го комплетира процесот за промена на полот. Веќе го одбрал и новото име, па наместо Саги ќе се вика Сапир.

Тој добил целосна подршка од Фудбалската федерација на Израел, како и од судиската организација на оваа земја.

„Ќе одржиме и прес-конференција со фудбалскиот судија Саги Берман, кој храбро одлучи да го промени полот. Го одбра името Сапир и треба да му се обраќаме во женски род“, стои во соопштението на Израелската фудбалска федерација.