Болоња и Наполи вчера одиграа без победник во рамки на Серија А, а пред почетокот на натпреварот двајцата тренери Синиша Михајловиќ и Џенаро Гатузо се сликаа за медиумите.

По натпреварот Италјанецот направи споредба меѓу него и Србинот што предизвика смеја кај новинарите во Италија.

„Синиша е полош од мене. Јас лаам, но не касам. Кога Синиша лае, подобро е да се чувате и да внимавате на себе“ – низ смеа изјави Гатузо.