Манчестер Јунајтед вечерва во Гдањск игра за титулата во Европа лигата, фаворит е против Вилјареал, но тоа мора да го потврди на теренот во Полска.

Со Јунајтед во Гдањск допатува и легендарниот Сер Алекс Фергусон, и во време на корона, тој е тука со клубот, во финалето, по трофејот во Европа лигата.

Оле Гунар Солскјер за Сер Алекс Фергусон ќе рече:

„Тој е специјален човек, тој е енциклопедија на фудбалот, ова е негов клуб, неговото место е тука“ – изјави Солскјер.

Сер Алекс Фергусон го следеше тренингот на Јунајтед пред вечерашното финале со Вилјареал кое започнува од 21 часот.