Манчестер Јунајтед на својот официјален фејсбук профил го потврди трансферот на Алексис Санчез во Интер  и му посака многу успех во иднина.

Санчез во Интер ќе настапува како позајмен играч со можност клубот од Милано да ја искористи откупната клаузула на крајот од сезоната.

Во долгите преговри конечно Јунајтед и Интер најдоа компромис, Интер се согласи да  покрие 5 милиони евра од годишната плата на напаѓачот од Чиле,  останатите седум милиони ќе останат обврска на Манчестер Јунајтед.