Оле Гунар Солскјер и Манчестер Јунајтед изминативе денови се главна тема во спортските медиуми.

Останувањето на Норвежанецот на Олд Трафорд не е сигурно и додека едни пишуваат дека Оле ќе продолжи да ги предводи “Црвените ѓаволи”, други се сигурни дека тој ќе замине многу скоро од клубот, а веќе се лицитира со имињата за негов заменик.

Пишувањата за случувањата на Олд Трафорд ги разгоре и самиот клуб кој на социјалните мрежи објави фотографија на Солскјер со коментар “шефот”.

Дали ваквата порака на Јунајтед значи дека Оле ја има целосната поддршка на раководството или објавата има за цел да го намали притисокот врз менаџерот во пресрет на натпреварот со Ливерпул, останува да видиме.