Хектор Ерера е јунакот на Атлетико Мадрид. Мексиканецот во 90 со гол со глава ги спаси „јорганџиите“ од пораз против Јувентус во рамки на првото коло од Лигата на шампиони. Голот Ерера го прослави со играчите од клупа.

Ерера по натпреварот истакна дека голот го прослави на клупата затоа што подолго време се наоѓа на неа, изјава со која го прозва тренерот Диего Симеоне.

За Мексиканецот ова беа први минути сезонава, откако на првите 4 меча од Ла Лига не доби шанса од Аргентинецот.