Гонзало Игуаин се врати во Италија кај Јувентус но се чини дека неговите денови во Торино се „избројани“. Јувентус е во потрага по нов напаѓач, го најде во Наполи, Аркадиуш Милик е желба на шампионот на Италија.

Тутоспорт тврди дека Јувентус веќе разговарал со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис кој сака да го продаде Полјакот. Милик има 26 години, би бил идеално решение на подолги патеки за Јувентус, во Наполи заработува 2 милиони евра.

Јувентус го сака како замена за 32. годишниот Игуаин кој е на излезна врата.