Дуелот во Торино од 35 коло меѓу Јувентус и Милан, вечерва од 20-45 часот, е средба во која двете екипи бараат бодови за излез во Лигата на шампионите.

Јувентус е на четвртото место, Милан е една позиција подоле, но и двата тима имаат по 69 бода. Според Газета Дело Спорт, составите на тимовите ќе изгледаат вака, со Роналдо за Јуве и Ибра за Милан од првата минута.