Адриен Рабио е најновото засилување во средниот ред на Јувентус. Репрезентативецот на Франција со клубот од Торино потпиша четиригодишен договор според кој ќе заработува по 7 милиони евра по сезона.

Тој во Јувентус доаѓа како слободен играч од ПСЖ, денеска беше официјално претставен како засилување на екипата, ќе го носи дресот со број 25.