Кристиан Ромеро фудбалер на италијанскиот тим Џенова денес пристигна на лекарски прегледи  во Јувентус.

Аргентинец кој има 21 година имаше одлична сезона минатата година во Серија а ќе стави потпис на договор со „старата дама“ до 2024 година.

Јувентус за него плати 20 милиони евра, но Ромеро следната сезона ќе ја помине во Џенова како позајмен фудбалер пред да биде вратен во првиот тим кај италијанскиот шампион.