Бранителот на титулата во Италија, Јувентус го дочекува Наполи во заостанатиот натпревар од 3 коло во Серија А.

Пирло за клучната пресметка по однос на неговата иднина на клупата на „Старата Дама“ се оедлучи за Роналдо и Мората во нападот а на клупата останаа Кулушевски, Фибала, Артур …

Елиф Елмас не е стартер за Наполи, Гатузо се реши за Руиз и Деме во редот за врска а зад Мертенс се Инсињљ, Зиелински и Лозано.

Во овој термин од 18:45, Интер го дочекува Сасуоло во натпревар од 28 коло. Конте не направи ниту едно изненадување,  во однос на почетниот тим.