Една од најпознатите светски кладилници „William Hill“ со оригинален твит реагираше на последниот гол на Пандев против Калјари денеска во 23 коло во калчо лигата.

„Годината е 2050, Горан Пандев сеуште постигнува голови во Серија А“

Пандев денеска влезе во игра кај Џенова во 39 минута, само четири минути подоцна постигна гол со кој неговиот тим запиша победа.

ВИДЕО: