Тотенхем ќе го врати Герет Бејл назад во Лондон по седум години, Мурињо го бара Велшанецот назад и за тоа на Реал Мадрид ќе му исплати 20 милиони фунти.

Мурињо и Тотенхем практично ќе го победат Јунајтед во трката за потпис на Бјел, тој повеќе играше голф отколку фудбал кај Реал минатата година, но двата гиганти од Англија го сакаат во своите редови.

Тотенхем е во предност во однос на Јунајтед, во преговорите покрај Герет Бејл го бара и Регилон, на Сантијаго Бернабеу треба да отиде Деле Али.

Бејл за Реал минатата сезона одигра само 16 натпревари, запиша 2 гола, Тотенхем сака да го врати „дома“.

Тотенхем понуди 20 милиони фунти, го сака како позајмен играч, Бејл секако не е во плановите на Зинедин Зидан и извесно е неговото враќање во Англија, дали кај Тотенхем или Јунајтед, зависи од преговорите.