Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе добие мала поштеда од Карло Анчелоти за дуелот со Каљари.

Медиумите од Италија најавуваат дека Каљехон ќе биде во почетниот состав на „наполитенците“  за дуелот со Каљари на местото на Елмас кој викендов беше дел од стартниот тим во победата над Лече од 4:1.

Елмас по трансферот од Фенербахче во Наполи од контролниот натпревар со Барселона во август па до дуелот со Лече викендов, редовно добива минути во екипата на Анчелоти.