Македонската фудбалска репрезентација до 21 година , вечерва со почеток од 18.30 часот ја дочекува репрезентацијата на Франција во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Франција е апсолутен фаворит на овој натпревар, но сигурно и нашите репрезентативци нема однапред да излезат со бело знаме, и да се  предадат.

Селекторот Драган Канатларовски го објави официјалниот состав за натпреварот со ѕвездените „галски петлиња“ а според него , се очекува македонската репрезентација со офанзивна и отворена  игра да ги нападне Французите.