Легендарниот голман на Реал Мадрид, Икер Касиљас пред точно пет години го напушти „кралскиот“ клуб и потпиша со Порто. Тоа заминување многу го погодои Шпанецот, а таа одлука на клубот тешко ја поднесоја и најверните фанови на „кралевите“.

Сепак, Икер по пет години истакна дека ќе се врати во Реал Мадрид, но овој пат во друга улога, која се уште не е позната. Со Реал, освои три Лига шампиони, пет шампионати и два пати беше прва во кралскиот Куп, а како капитен на Шпанија стигна до две европски и една светска титла.