Легендарниот Икер Касиљас очигледно не се откажува од својата кариера. Напорно работи за да се врати во полна форма по срцевиот удар.

Работа во тек, напиша голманот на Порто на својот Твитер профил објавувајќи фотографија од тренинг во фитнес сала.

Шпанецот, два месеци по ударот се врати на првиот тренинг во клубот, а изјави и дека ќе почека до март за да донесе конечна одлука за својата иднина.