Роберто Морено повеќе не е селектор на Шпанија, а оваа вест силно ја потресе шпанската јавност, која не очекуваше ваков потег од фудбалската федерација, поради одличните игри и резултати во неодамна завршени квалификации за ЕП.

Оваа вест самиот Морено по мечот со Романија, доста тешко ја примил, а пред фудбалерите и се расплакал. Негова алтернатива ќе биде Луис Енрике, кој се враќа на селекторската позиција.

Ваквите случувања наидоа на голем број на критики, а меѓу нив се најде и легендарниот голман Икер Касилјас кој преку „Твитер“ напиша:

„Ние сме смешна држава, да живее Шпанија!“