Реал Мадрид го продолжи договорот со Бразилецот, Каземиро до 2023.година, објави Марка.

Новиот договор на Бразилецот бил подготвен уште пред еден месец, а сега и официјално е познато дека тој ќе остане уште три години на „Сантиаго Бернабе“. Досегашниот договор на Каземиро беше со важност до 2021 година.

Во текот на годините наназад Каземиро беше една од најважните алки во тимот и тренерот Зинедин Зидан има голема доверба во него, па и за очекување беше ваков потег.

Тој во „кралскиот“ клуб пристигна во 2013.година од Сао Паоло, а во сезоната 2014/15 играше како позајмен фубалер во Порто.