Дарко Чурлинов кој е најмлад дебитант во сениорската фудбалска репрезентација на Македонија се фотографираше со првиот тим на Келн кој го претстави тимот за новата сезона во Бундеслигата.

Чурлинов чека шанса за дебитантски настап во најсилната фудбалска конкуренција на Германија, со оглед на тоа како игра на подготовките реално е наскоро да добие професионален договор со овој клуб и да чека шанса за настап во Бундеслигата.