Келн е поразен пред стартот на сезоната во Бундеслигата, загуби од Вилјареал со 1-3  иако прв поведе на овој претпоследен пријателски меч.

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чулринов играше во второто полувреме а влезе во игра при резултат 1-1. Келн пред стартот на сезоната во Бундеслигата ќе одигра уште еден меч со пријателски карактер, против Саутемптон во Англија.

Дарко Чурлинов е на мета на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, јави „Си Ен Ен Турк“ . Турците по заминувањето на Елиф Елмас во Наполи, одново ја бараат во македонски фудбалер, па иако младиот играч има договор со Келн, сепак Фенербахче го сака во своите редови.