Играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс, вчера го водеше Ливерпул во својство на капитен на средбата со Срузбери во 1/16 од Купот на Англија.

Со тоа Џонс стана најмладиот капитен во целата историја на Ливерпул. Џонс вчера имаше 19 години и 5 дена.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Алекс Рајсбек, кој во далечната 1900 година бил капитен на Ливерпул на 20 години и 250 дена.

Џонс го собори најстариот рекорд на Ливерпул, стар точно 120 години.