Македонскиот репрезентативец, Кире Марковски се појави на денешниот тренинг на Карвина и имаше можност да се запознае со дел од соиграчите во неговиот нов клуб.

Марковски премина во Карвина, по втор пат во кариерата ќе игра за клуб од Чешка. Најави дека очекува силна конкуренција, интересно првенство и напредок во кареирата.

„Нов клуб, нов предизвик. Среќен сум што одам чекор напред во којата кариерата и се надевам на многу успеси и незаборавни моменти.“ – вели Марковски.