Кире Марковски по втор пат во кариерата ќе игра во Чешка откако ја прифати понудата од Карвина.
Марковски кој се прослави во Работнички а потоа беше дел од ЕП У21 во Полска со Македонија одлучи дека понудата од Карвина е најдобрата која ја има.
„Карвина е одличен клуб со прекрасен стадион. Мислам дека чешкото првенство е исклучително силно и има голем потенцијал. Мислам дека ова е најдобрата одлука за мене, да бидам дел од Карвина.“ – изјави Марковски.
Марковски последно настапуваше за кипарски АЕЛ Лимасол со кој го раскина договорот.
Comments are closed for this post.