Јирген Клоп го препороди Ливерпул и го врати на старите патеки, но германецот и покрај одличните фудбалери кои ги има веќе размислува на нови засилувања.

Станува збор за фудбалерот на Лестер Џејмс Медисон, кој според англиските медиуми треба да е новиот Фелипе Кутињо на „Енфилд Роуд“. Медисон би ја зголемил ротацијата во тимот на Ливерпул кој се надева дека оваа сезона по пауза од 30 години ќе ја освојат титулата во Премиер Лигата.  Фудбалерот на Лестер игра фантастично на почетокот од оваа сезона, а интерес за него покажаа и Манчестер Јунајтед и Челси.

Ливерпул по 6 кола во новата сезона се наоѓа на лидерската позиција со исто толку победи.