Повредата на голманот Алисон ја става во сенка победата на Ливерпул над Норич сити на стартот од Премиер лигата.

За време на еден шут Алисон се повреди, по што мораше да го напушти теренот, а Јирген Клон е сериозно загрижен по ваквата ситуација.

„Почувствува како некој да го удира, тоа никогаш не е истегнување, спортистите знаат за што зборувам. Искрено, многу сум загрижен, ќе видиме колку ќе паузира.“ – вели Клоп.

Освен Адриан, Ливерпул сега нема голман. Третиот чувар на мрежата Келхар заздравува од скршеницата на рака.

„Се уште не е подготвен, но почна да тренира. Останатите? Дете од 16 години не може да брани, а другиот имаше повреда на раката пред почетокот на сезоната.“ – заклучи стратегот.