Фудбалската репрезентација на Хратска нема да може да смета на Иван Ракитиќ и на Матео Ковачиќ на престојните две  натпревари од квалификаците за Европското првенство.

Фудбалерот на Барселона е уште еден во низата на хрватски фудбалери кои нема да се во строј кај селекторот Далиќ. На местото на Ракитиќ е повикан Марко Рог.

Причината поради која ќе отсуствува Ракитиќ се пробемите кои ги има во Барселона и која може да ја напушти во наредните 24 часа.

Од конкурецнија за настап поради повреда отпадна и плејмејкерот на Челси, Матео Ковачиќ чие место го зазема Мијо Чаткаш.

Светскиот вицешапион петок гостува во Словачка, а три дена потоа во Загреб ќе ја дочека селекцијата на Азербеџан.