Барселона со „петка“ во мрежата го испрати Бетис дома, натпревар од Примера, заврши со конечни 5-2, еден момент на „Камп Ноу“ се прераскажува на социјалните мрежи.

Не се само головите на Гризман кои го одбележаа натпреварот, станува збор и за Ансу Фати, момчето кое дебитираше на 16 години за Барселона.

Фати влезе во игра  во 78 минута на местото на Перез, производ е на школата на Барселона, роден е во Гвинеја Бисао и долго ќе го памти вчерашниот ден и натпревар но и прегратката од Меси кој напиша на инстаграм:

„Добра игра, три големи бода во Ла Лига и момчиња кои го остваруваат сонот за настап во првиот тим на Камп Ноу“

Младиот играч од Гвинеја Бисао има само 16 години и 298 дена, Фати е вториот најмлад играч  кој дебитирал за кај Барселона.