Како што пишува на твитер „Footbla Digital“ која се претставува како спортска дигитална маркетинг агенција која работи на промоција на спортски екипи и настани во Македонија и регионот, Бугарите кои сакаат да го превземат ФК Вардар се во најмала рака сомнителни.

Според објавата на твитер „Фоотбла“ се повикува на познат новинар од Бугарија кој тврди дека Благои Георгиев е поранешен фудбалер но и човек со матно минато.

„Благои Георгиев е се само не спасител, поврзан е со сомнителни бизнисмени, близок е со сопственикот на Славија Софија, имал ангажман и во Русија во сомнителни зделки“ – тврди на твитер Фоотбла а се повикува на неименуван новинар од Бугарија.

Истиот извор тврди дека има и втор „играч“ за превземање на ФК Вардар кој е газда на обложувалниците ЕФбет, ЦСКА Софија и Черноморец.