Четврта година по ред во најсилната фудбалска лига во Англија се трошат повеќе од 1 милијарда фунти на засилувања.

Ова лето, најскапо засилување е Хари Мегваер во Манчестер Јунајтед за 80 милиони фунти. Втор е трансферот на Пепе во Арсенал а трет оној на Ндомбеле во Тотенхем.

Најмногу пари на нови засилувања потрошиле од Јунајтед а втора на оваа листа е Астон Вила.

Што се однесува до заработувачката од продажба, очекувано на првото место е Челси кој има трансфер-бан.

Сумирано во однос на парите кои се вложени и парите кои се добиени од продажба во најголем плус е Челси.