Најверните фанови на Вардар, навивачката група „Комити“ на денот на нивниот роденден го најавивија Маршот за Вардар.
„Го закажуваме за 22-ри Јули, точно 47-миот ден по нашиот роденден, денот кога формално правно во 1947-ма, со фузија на тогашните фудбалски клубови Победа и Македонија е настанат Фудбалскиот Клуб Вардар.
Ги повикуваме сите којшто на било кој начин учествувале во неговото создавање и градење…Повик до сите оние кои ги бранеле и бранат на било кој начин неговите бои, поранешни и актуелни – Играчи, Стручен штаб, Спортски работници, Функционери, Секретари, Претседатели, Членови на Управни и Надзорни одбори, членови на Собрание на клубот, Спонзори, Финансиери, Градоначалници на Скопје и пратеници на Собранието на Град Скопје, Раководители и делегати од ПУИГ“– велат „Комити“.
Тие исто така ги повикаа сите оние кои биле барем еднаш на Градски стадион да го гледаат Вардар да бидат дел од овој марш.
Comments are closed for this post.