Екипата на Вардар претпладнево забележа пораз од екипата на Велешта во  Втората лига Запад и загуби со 2-1.

Тоа ги разочара најверните навивачи на „црвено-црните“, популарните Комити кои се огласија на социјалните мрежи за да побараат одговорност не само поради поразот туку поради очајната игра на тимот.