Интер и Јувентус во недела ќе го одиграат најголемото дерби во калчото, познато како „Derby d’Italia“ .

Ривалството меѓу двата клуба е едно од најголемите во светот, Интер загуби за прв пат сезонава на официјален меч во средата од Барселона во Лигата на шампионите, Јувентус победи против Леверкузен.

Интер против Барселона настапи без Ромелу Лукаку, напаѓачот на тимот од Милано имаше мала повреда, Конте не сакаше да ризикува и сега го има во комбинација за в недела.

Лукаку е подготвен, тренира со максимално оптоварување  и ќе биде подготовен за неделното дерби.