Бернар Шаланд повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Косово, објави федерацијата.

Тој доби отказ откако запиша два порази во низа во квалификациите за СП 2022. Косово беше поразен од Шведска и Грузија, прими 5 гола а постигна само еден.

Шаланд беше селектор на Косово од 2018 година, на 37 натпревари запиша 16 победи, 8 нерешени и 13 порази.

Феликс Магат, Валтер Зенга дури и Роберто Карлос се трите имиња кои се споменуваат како наследници на Шаланд.