Ковид мобилните центри во Букурешт се преполни со македонски навивачи тестирањето е задолжително за да се добие алка со која добивате право на влез на стадионот, секако мора да имате и билет.

Македонските навивачи ги преполнија центрите кои се официјални за оваа намена. Македонија ќе има поддршка од околу 3500 навивачи вечерва во Букурешт, дел од републиката дел од дијаспората.