Сите фудбалери на Реал Мадрид се негативни на КОВИД-19, по извршените тестови. Веднаш по потврдата од таборот на „кралевите“ на Твитер објавија дека Зинедин Зидан во понеделник ќе го одржи првиот тренинг по двомесечна пауза.

Тренинзите ќе се одржуваат со придржувања до строгите епидемиолошки совети, вклучувајќи социјална дистанца на теренот.