Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо е исклучително популарен на социјалните мрежи и секоја негова објава му носи заработувачка и голема сума на пари од секој пост.

Познатата веб страна „Хупер“ која се занимава со рејтингот на маркетинг случувањата на социјалните мрежи направи споредба за личностите кои имаат најголеми бенефиции од објавите на Инстаграм.

Роналдо е убедливо најпопуларен поради тоа што има дури 173 милиони следбеници, а со оглед на тоа што профилот го користи и за маркетинг, Португалецот заработува по 873 илјади евра од секоја објава на Инстаграм. Втор на оваа листа е Бразилецот Нејмар кој за секој свој пост на оваа социјална мрежа инкасира по 647 илјади евра, а на третото место е Лионел Меси заработува 581 илјади евра.

Како четвртопласиран котира Дејвид Бекам кој заработува по 320 илјади евра за секоја своја објава, а потоа следат Леброн Џејмс (243), Роналдињо (229), Герет Бејл (195), Златан Ибрахимовиќ (179), Вират Кохли (175) и Луис Суарез кој ја комплетира топ 10 листата со заработка од 164 илјади евра.