Иако роденденот го прослави на 5 февруари, напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, и натаму добива поклони.

Па, така, Роналдо објави фотографија со која се пофали со поклонот што го доби од спортскиот бренд Најк – патики направени лично за него.

Благодарам Најк за овој неверојатен поклон по повод мојот роденден“, напиша Португалецот.