Женската фудбалска репрезентација на Македонија денес против Австрија го игра вториот меч, квалификации за Мундијалот кој за две години ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд.

По очекуваниот пораз од Англија во Саутемптон, македонската репрезентација вечерва од 18 часот против Австрија бара шанса за подобар резултат.

Доколку не можете да дојдете на стадион, се игра на арената „Тодор Проески“, следете ги дамите на ТВ, државната МТВ ќе емитува пренос од овој квалификациски меч.