Репрезентативецот на Велс, Етхан Ампаду новата сезона ќе ја мине во редовите на Бундеслигашот Лајпциг. Момчето кое се очекуваше оваа сезона да добие солидна минутажа во екипата на Челси реши да ја прифати понудата од Германија.

„Многу сум среќен што ќе играм за Лајпциг и што ќе ја започнам оваа сезона во овој клуб. Тука секоја година гледам млади играчи како добиваат шанса па затоа ова е одличен чекор за мене.“ – изјави Ампаду за клупскиот сајт на Лајпциг.

Новиот тренер на Челси, Франк Лампард пак призна дека е разочаран што Ампаду нема да го има во составот но верува дека следната година тој ќе се врати посилен и ќе конкурира за место во првиот тим.