Резултатите на Челси не се на ниво кое го посакува раководството на клубот, Роман Абрамовиќ го губи трпението за Франк Лампард, се насочува кон  Роџерс кој е можно решение за менаџер на клубот.

Како што тврди англиски „Мирор“, притисокот врз  Франк Лампард е голем, Челси има само една победа на последните 8 меча во Премиер лигата, Абрамовиќ бара замаена и ја нашол во Роџерс, поранешниот менаџер на Ливерпул и Селтик, а сега на Лестер.