Челси и Арсенал попладнево ќе се борат за титулата од ФА Купот на Англија, натпревар кој може да се покаже како клучен за дел од играчите во двата тима кои се пред заминување од Лондон.

Франк Лампард за финалето одлучи да го остави Кепа Аризабалага на клупата за резерви и предност одново да му даде на Кабалеро.

Артета пак и покрај најавите за мала ротација, сепак во почетните 11 ги повика Пепе, Лаказет и Обамејнаг.

Финалето ќе започне во 18:30 а ќе се игра на „Вембли“.