Градската пресметка меѓу Челси и Тотенхем која воедно претставува директна битка за четвртото место на табелата во Премиер лигата може да биде пресудна по иднината на Лампард на клупата на „Сините“.

Домаќинот по подолго време го има Абрахам во ростерот но младиот напаѓач ќе чека шанса од клупата за резерви. Жири заедно со Баркли и Маунт го сочинуваат напаѓачкото трио на Лампард.

Мурињо реши да го остави Деле Али надвор од почетната единаесетка заедно со Фернандеш, играчите кои одиграа катастрофално во дуелот со Лајциг во ЛШ.