Кристал Палас го дочекува Челси во натпревар од 34 коло од Премиер лигата со абиција за прва победа над „Сините“ по пауза од четири натпревари.

Заха, Бентеке и Ају се во врвот на нападот на домаќинот а во првиот тим се и Миливојевиќ и Кејхил кои беа неизвесни за настап.

Кај Челси, Лампард одлучи да им верува на поискусните, Абрахам, Ходсон- Оди и Лофтус Чик се на клупата а изненадувањето доаѓа во шансата за Гилмор.